Милошоски: Бараме Jавно обвинителство по теркот на судот во Стразбур


ВМРО-ДПМНЕ предлага суштински промени на предлог-законот за Јавно обвинителство кои треба да се вградат во македонското законодавство за во иднина обвинителството да не зависи од никого, изјави  претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски

-Ќе предложиме да се воспостави системот за судска пракса од ЕСЧП, а врз основа на пресуди од други земји. Ќе предложиме и буџет, повисоки плати, и соодветни услови за сите обвинители без разлика дали работат во Основните обвинителства, Вишите или Републичкото јавно обвинителство, рече Милошоски.

Прашан дали барањата на ВМРО-ДПМНЕ значат еден вид амнестија, Милошоски рече дека министерката за правда Рената Дескоска е единствената којашто предложила закон за амнестија и дека тој се надева дека тоа повеќе никогаш нема да го направи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1