Бети Базиана, партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, денешната историска прва посета на премиер на Грција на нашата држава, ја искористи за да положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел.
Базиана положи цвеќе на грбот на човекот прикажан преку зборовите на грчкиот писател Никос Казандзакис во романот „Алексис Зорбас“.
Георгиос Зорбас во 1922 година заедно со ќерката Екатерина од Солун со воз дошол во Скопје каде што останал да живее до смртта во 1941 година. Бил погребан во близина на Скопје, за подоцна неговите правнуци да ги префрлат неговите останки во семејната гробница во Бутел.