Претседателските кандидати денеска ја продолжуваат кампањата во чии рамки ги претставуваат своите програми.
СДСМ ќе одржи Конвенција во Скопје на која ќе биде претставен заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, а претседателскиот кандидат подджан од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата Гордана Силјановска-Давкова денеска ќе се претстави пред граѓаните на Неготино и Кавадарци.
Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, според најавите, за денеска нема закажано активности.
Кампањата официјално започна завчера, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.
Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места. Тие завчера ја започнаа кампањата – Пендаровски од Прилеп, Силјановска од Охрид и Река од Скопје.