Од 50 до 70% ќе се намалат цените во роаминг од ова лето. Намалените цени ќе важат во земјите од Западен Балкан во кој освен државава влегуваат и Албанија, Косово, Србија, Црна Гора И Босна и Херцеговина.
Ова намалување практично ќе изгледа вака: ако досега за излезен повик сме плаќале над 13 и пол денари од 01 јули цената ќе изнесува од 4 до 7 денари зависно од тарифата на корисникот. Влезните повици досега надминуваа 3,5 денари, а од јули ќе изнесуваа денар помалку. Пораките за кои во мментов се плаќаат околу 4,3 денари од јули ќе чинат до 3,7 денари. Влезните пораки ќе бидат бесплатни. Засега промени во цените за интернет услугите нема да има.
Според договорот, овие цени се преодни, догодина ќе бидат уште пониски, а за две години роамигот во западен Балкан ќе биде целосно укинат. Договорот е чекор кон почнување на постапка за укинување на роамигот кон ЕУ.
Договорот од макеоднска страна го потпиша министерот за информатичко општетсво Дамјан Манчевски на Дигиталниот самит во Белград на кој присуствуваат 3000 претсваници од 30 земји.