Партиските преговори за статусот на специјалнотот јавно обвинителство во ќор сокак. Партиите признаваат дека по оптимистичката четврта средба, преговорите се во целосно затишје. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинубаат кој го кочи процесот за тоа дали да се продолжи мандатот на Катица Јанева, дали снимките ќе можат да се користат како докази пред суд и во чии рамки ќе работи СЈО – авотномно во организацијата на државното обвинителство или само како одделение во обвинителство за организиран криминал и корупција.
– „Шансите за договор зависат од тоа колку ДПМНЕ ќе се држи цврсто до насоките од нивниот менаџер од Будимпешта. Услов за отпчнување на преговорите со ЕУ не е донесување на било каков Закон за Јавно обвинителство, туку квалитетен закон кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава“, возвраќаат од министерството за правда
Европските авторитети последниве денови исто така, јасно посочуваат дека статусот на специјалното јавно обвинителство е еден од клучните предуслови за добивање на датум за преговори.