Силјановска Давкова: Пред меѓународниот суд во Хаг ќе оспорам одредби од Преспанскиот договор


На првата претседателска дебата на Телма телевизија кандидатката за претседател професорката Силјановска Давкова вели дека ниту еден договор никогаш не е финален, и во името на владеењето на правото и правдата и почитувањето на jus cogens, еден ден со правни аргументи може да се оспорат низа решенија од Преспанскиот договор.

– Без две страни нема, но основен постулат на меѓународното право е симетричност на договарачите, а не асиметричноста која што е белег на Преспанскиот договор.

Таа укажа дека живееме во ера во која зборуваме за Обединетите нации не за обединети држави како рамноправни членки. Темелот на Обединетите нации е Повелбата на Обединетите нации и она што се инсистира во Обединетите нации се jus cogens, тоа е задолжителното меѓународно право во кое што влегува и правото на сомоопределување, немешање во внатрешни работи, тоа се двата основни постулати.

-Во Преспанскиот договор има една јасна одредба, во случај на спор, по која напрво се води дијалог меѓу страните, потоа се информира генералниот секретар и на крајот јурисдикцијата е на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Таа вели дека тоа значи ако Меѓународниот суд на правдата во Хаг како што во 2001 година Македонија покрена спор пред тој суд, а дојде до проблеми како што сега доаѓа со интонирањето на химната, која што се суштински елемент на државноста, може да се укаже на едната страна па на Генералниот секретар на Обединетите нации и може случајот да се најде пред Меѓународниот суд.

-Трета страна не може да биде обврзана со било каков интерпартес договор, дури и третите страни кои не признале под уставното име, не од љубов туку заради почитување на jus cogens нормите може исто така да одбијат и ќе се најде работата пред некој Меѓународен суд или пред Комитетот за граѓански и политички права, бидејќи има многу начини за иницијатива, вели професорката Силјановска Давкова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1