Грците ќе плаќаат и за умирачка – 50 евра ако починат


Според новиот закон, кој е еден од многуте преку кои Грција се обидува да го наполни буџетот – секоја промена на семејната состојба, ќе мора да се заведе на нотар.

Од 1 јануари 2013 година секој развод, свадба, па дури и починати во семејството ќе мора да е заведено на нотар, кој за тоа наплаќа 50 евра.

Доколку почине грк семејството за да го заведе како починат ќе мора да искешира 50 евра.

Програмата се вика Ариадна а воведена е за да се спречи исплаќање пензии на починати луѓе.

Сега мора да се заведе секоја промена, а нотарот ќе информира по електронски пат за фондовите да ја имаат вистинската информација. Грција очекува со оваа програма да го наполни буџетот со 400 милиони евра.

Направиле математика според статистиката – 60 илјади склучени бракови годишно, 13 илјади разводи, починати 110 илјади луѓе.

Доколку пак навреме не ја пријават на нотар промената на семејсната состојба, предвидени се ригорозни, огромни парични казни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1