На ист датум кога гореше Нотр Дам, се случија уште 2 големи трагедии


Додека во Париз гореше катедралата Нотр Дам, пожар изби и во џамијата Ал Акса во Ерусалим на кровната структура во Ал Марвини собата за молитва.

Пожарот не предизвикал поголема штета, но загрозил дел од џамијата стара 2.000 години. Чуварот рекол дека пожарот избил во соба за стража пред кровот на молитвената соба Марвани.

Пожарникари успеале да го изгасат пожарот, а тоа подрачје е затворено за да се утврди причината за пожарот.

Оваа џамија е трето најсвето место во исламот, а пожарот за среќа брзо бил ставен под контрола и изгасен.

Само ден пред да избијат пожари во ова два сакрални обејкти, во украинскиот град Љуботин изгорел Николаевскиот храм на Украинската православна црква на Московската патријаршија.

Овој инцидент се случил во неделата во вечерните часови околу 18 часот по локално време. Оганот зафатил 120 квадратни метри од храмот.

Во овој пожар немало повредени, а според информациите од истрагата, станува збор за подметнат пожар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1