Мицкоски на Фејсбук: Сега славиме а потоа на терен додека не ја ослободиме Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се огласи на фејсбук по изборите вчера и официјалните податоци од ДИК.

Денешниот ден покажа дека народот, поради оваа власт е во апатија, незадоволен, но и револтиран. И тоа е со право. Затоа што народот никогаш не греши и не заборава за сето она зло кое овие луѓе го нанесоа, за притисоците, а неправдите, за прогонот, за името, за идентитетот, за чувството дека народот за ништо не е прашан, игнориран, оддалечен, за криминалот, корупцијата, масовната пљачка која што денеска е секојдневие. Епа не е така вистинската сила се граѓаните.
Македонската пролет доаѓа и нема никогаш да заборавиме од каде почнавме и каде сме и каде треба да бидеме.
Благодарам за сите кои што денеска ни ја дадоа поддршката, но и оние кои не се одлучуваат да ни ја дадат поддршката, но и оние кои се колебаа, а денес гледаат дека народот се обединува. Ајде заеднички браќа и сестри, добри луѓе, ајде заеднички во вториот круг да дојдеме до таа толку посакувана конечна победа. Ајде да го поразиме Зоран Заев. Ајде да ги поразиме. Ајде заеднички да ја победиме оваа хотел коалиција, овие елитисти кои што за само за две ипол години успеаја она вистинско лице, кое што народот во Република Македонија го заборави, бидејќи долго време беа опозиција. Ајде да ги победиме овие транзициони криминални политики, ајде да застанеме на вистинската страна. Ајде да победиме за Македонија и за граѓаните на Македонија, бидејќи Гордана верувајте ми е идниот претседател на републиката, претседател на Македонија.
Ајде сите да се обединиме во вториот круг, без разлика на партиската припадност, без разлика на етничката припадност, без разлика дали сте аполитични, без разлика на верската припадност, ова е наша татковина и да одбереме подобра иднина. Ајде сите добри луѓе да се обединиме за идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова.
Македонијо вечерва славиме, а од утре повторно на терен до конечна победа додека не те ослободиме, напиша Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1