На Градските гробишта Куманово, со сите воени почести, беше погребан полицаецот Виктор Цветковски, кој загина додека ги извршуваше работните задачи.
Од Цветковски се прости семејството, роднините, пријателите и неговите колеги полицајци од Полициската станица Куманово, министерот Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и други вработени во МВР.
Полицаецот В.Ц. бил женет и татко на 6-годишно дете. Важел за професионалец и бил назначен за ментор на полициските практиканти.