Дванаесет македонски државјани од Виница, Струмица, Прилеп и од Скопје тргнале на велигденска авантура, но останале среде улица во Кападокија, Турција, објави ТВ24.
Според телевизијата, туристите заминале преку агенцијата „Орфеј“, но потоа дознале дека агенцијата не ги уплатила потребните пари во хотелот, од каде ги информирале дека треба да го напуштат бидејќи им било уплатено само за едно ноќевање.
Од агенцијата, пак, се правдале дека поради гром кој удрил во зграда во центарот на Скопје, паднал и системот, па не можеле да извршат уплата во хотелот.
Од Државниот пазарен инспекторат изјавиле дека доставиле предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата на туристичката афенција.