Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во целата византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик ги создале и првото писмо и азбуката и ги поставиле правилата за пишување.
Македонската делегација досега не пропуштила да се поклони пред гробот на свети Кирил во црквата „Свети Климент“ во Рим и со тоа да ја искаже својата почит. Иако придонесот за словенската култура е заеднички (на двајцата браќа), сепак целата приказна за нивниот живот и мисија како да останува празна или, пак, како што велат научниците, незавршена, поради мистерија за местото каде што се наоѓа гробот на постариот брат Методиј.
Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 24 Мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј.
Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, честит 24 Мај – Ден на Светите браќа Кирил и Методиј! Денешниот празник, 24. Мај, Денот на сесловенските просветители повикува да го одбележиме извонредното епохално и просветителско значење за Европа, светот и Северна Македонија, изразено преку нивните мисии меѓу словенските народи во деветтиот век. Целта на мисиите, покрај христијанизација, описменување и просветлување, била и остварување на теолошка апологија на старословенскиот јазик и неговото користење во божјите служби кои дотогаш во Европа се вршеле само на три јазика – на латински, грчки и германски, се вели во честитката.
Темелот на тој културолошки процес, се наведува во честитката, бил создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна од неговите следбеници, пред сѐ, свети Климент Охридски, ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.
– Намерата на нивната мисија е Библијата да биде достапна за сите Словени. Нивната мисија тогаш имала наднационална, цивилизаторска и обединувачка улога. Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на поврзување на различни култури со истовремено почитување на разликите. Просветителската мисија на светите браќа Кирил и Методиј беше инспирација и за работата на просветните работници и институции, и во оваа прилика упатувам и честитки и по повод Денот на просветните работници, стои во честитката.
Мицкоски со честитка за денешниот празник.
Дозволете ми од мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да им го честитам на сите граѓани државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.
На овој ден се потсетуваме на големите на се сесловенските просветители кои на идните генерации им го подарија најголемото богатство, писменоста. Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, а со тоа го трасираа и патот за ширење на христијанството и христијанските вредности. Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.
Светите Кирил и Методиј имаа визија, знаење и постојаност. Ние денес се соочуваме со тешко секојдневие, предизвици и не помали искушенија. Но сепак ова е реалност која мораме да ја промениме, а тоа ќе биде со визија, знаење и мудрост.
Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ја обезбедиме заедничката иднина на сите.
Тие веруваа дека секој народ заслужува свој јазик па така го подарија најголемиот подарок кој човек може да го добие писменоста, знаењето е единственото нешто кој никој не може да го земе или да го оспори.
Нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј.