Десетина минути по полноќ завчера пет деца се заглавиле во лифт во скопската населба Ново Лисиче, објави „Експрес“.
Децата телефонски побарале помош од најблиските, но тие не успеале да им помогнат и на помош беа повикани припадниците на противпожарната бригада на град Скопје.
Според очевидци, кон зградата се упатило противпожарно возило, на булеварот „АСНОМ“ во близина на бензинската пумпа на „ОКТА“, црквата „Свети Јован Крстител“ и паркот познат како „Авионче“.