Откако неодамна Врховниот суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење, од Крвичниот суд информираат дека првото рочиште ќе се оддржи на 2 јули.
-Заради зголемен интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 38/19 во јавноста познат како „Ликвидација“ кој со решение на Врховниот суд на РСМ е вратен на повторно судење во Кривичниот суд е насрочен за 02.07.2019 година во 10:00 часот, информираат од Кривичниот суд и додаваат дека судија ќе биде Осман Шабани.
Томислав Кежаровски кој беше осуден на 4,5 години казна затвор, а потоа Апелација му ја намали казната на две години повторно оди на обвинителна клупа. Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“