Албанци, Срби и Бошњаци уапсени во операцијата на косовската полиција


Полицијата на Косово го потврди апсењето на неколку полициски службеници во обемната операција што започна утрово и информира дека тие се од различна етничка припадност.

Во своето најново соопштение, полицијата информира дека акцијата продолжува и се одвива во повеќе косовски региони.

– Полициската операција, која се спроведува во неколку региони, меѓу кои и во општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Србица и Глоговац, до сега резултира со апсењето на неколку граѓани и неколку полициски службеници од различни националности – Албанци, Срби и Бошњаци, кои се осомничени за разни дела, се вели во соопштението.

Полицијата информира и дека наишла на вооружен отпор во северно Косово, како и на блокади на патиштата, за кои била принудена да ги употреби потребните средства за отворање на патиштата заради продолжување на операцијата.

– Како последица на создадените пречки и попречувањето на полициските дејствија на терен од страна на некои граѓани на север од Митровица, полицијата во полициска станица приведе и неколку граѓани инволвирани во овие случаи, соопшти полицијата.
Таа ги повика граѓаните да не подлегнуваат на различните провокации, бидејќи, како што вели, „полициската акција има за цел борба против криминалот и е во интерес на сите граѓани и на државата“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1