ДИБИРОВ: „ВЕЧЕРВА СИТЕ РАКОМЕТАРИ СЕ ЧУСТВУВААТ КАКО МАКЕДОНЦИ„


Тимур Дибиров беше емотивен на плоштадот „Македонија“ и со возбудлив глас и се обрати на присутните велејќи дека се чувствува како горд Македонец.

Дибиров на сцената во Скопје, призна дека не очекувал дека ова ќе го доживее уште еднаш. Тој им се заблагодари на насобраните граѓани и им порача дека сите ракометари вечерва се чувствуваат како Македонци.

Пред две години на оваа сцена Иван Чупиќ рече, цел живот сум Хрват, но денес се чувствувам како Македонец. Така и ние, Столе, ти си наша икона. Ако овој е ’играч со број 5’, тогаш јас сум играч со број 31, сите овде се чувствуваме како Македонци. Пред две години не мислев дека ова ќе го доживеам уште еднаш. Фала ви Македонци, денеска ние сме сите Македонци!“, викна левото крило на Вардар.

Германецот на Фајнал фор турнирот во Келн, Кристијан Дисингер пред граѓаните на скопскиот плоштад на македонски јазик извика „Сите ве сакам“!
Во истиот момент Тимур Дибиров, го оттргна микрофонот од рацете на Дисингер и на публиката и рече

„Какво време дојде, Германец да сака да живее во Македонија!

Дисингер се заблагодари за поддршката од навивачите, пеејќи „Ајде, ајде, Вардаре…’

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1