Во пожар кој избувнал рано утринава во Српската населба Бежанска Коса, загинале две лица, жена и дете.
Според српските медиуми до пожар дошло во 8 и 20 утринава.
„Две екипи излегле на терен, а лекарите можеле само да констатираат смрт кај жената и детето“ пишува Курир.рс.
Според првичните неофицијални информации се работи за мајка и дете кои откако избувнал пожар на чеѕвртиот спрат скокнале од балкон за да се спасат од огнената стихија, меѓутоа поради тешки повреди починале .