Блерим Ахмети, братот на Ел Чека, кој преку својот профил објавуваше прислушкувани разговори на влијателни членови на ДУИ, денеска е уапсен од страна на полицијата.
Ахмети беше организатор на протестите пред неколку дена пред седиштето на ДУИ во тетово, а на истиот присусутвуваа и други членови од семејството на Ел Чека.
Полицијата ја разгледува папката на братот на Ел Чека.
Засега е познато дека 28-годишникот е обвинет за три кривични дела – напад врз полициски службеник во 2011 година, учество во насилни судири во 2009 година и нанесување тешка телесна повреда во 2008.