Рамуш Харадинај пристигна во Специјалниот суд во Хаг, каде ќе биде сослушан поради злосторствата кои ги направиле поранешните припаднаици на ОВК врз српските и неалбански жители .
Харадинај пред специјалниот обвинител денеска ќе биде сослушан како осомничен за воени злосторства на територијата на Косово за време на воениот конфликт кон крајот на 90-те години.
Рамуш Харадинај во петокот поднесе оставка од местото премиер поради сослушувањата пред Специјалниот суд, а денеска ќе се појави пред истражувачите.
Наредните потези во судот во врска со Харадинај не се познати, но ќе биде сослушан во својство на осомничен.
Тој на Фејсбук напиша дека „Косово тргнало напред на евроатланскиот пат и дека е посилно од било кога, на линијата на мирот и во сеприсутните пријателства со САД“