Осудениот бизнисмен Сеад Кочан утринава не се појавил во затворот Идризово, објави МКД.мк. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд-Скопје вчера ја отфрли неговата жалба во која се бараше одложување на затворската казна, и по неа тој доби задолжување да се јави во затвор. Според неофицијални информации Кочан се наоѓа на лекување во приватна болница. Од судот за МКД.мк потврдуваат дека тој утрово го примил решението со кое се упатува на издржување на затворска казна.
По ова, доколку Кочан не се јави итно во затвор, судијата за извршување на санкции ќе треба да испрати во МВР наредба за стражарно приведување на осудениот бизнисмен, по што со полициска придружба ќе треба да биде спроведен во затвор.
Според законот не е предивден временско рок до кога Кочан може доброволно да се јави во затвор по добиеното решение, но од судот појаснуваат дека во најкус можен рок не се појави на капија во најголемиот затвор во Македонија, ќе мора да се донесе со полиција.