Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев се извини што неодамна граѓаните на Северна Македонија ги нарече „северномакедонци“.
– Извинете, моја грешка е што реков северномакедонци. Граѓани на Република Северна Македонија, простете, но јас тоа го кажав несакајќи, а тоа беше претставено како да сакам некого да убијам!, рече Борисов.