„Ќе панат многу политичари . Имам докази против државниот врв. Се од прва рака. И се оставив на сигурно, на неколку адреси. Ако нешто ми се случи, ќе дојде до политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, кажал Боки Јовановски на сослушувањето во полиција“, објавува српски Курир.
Српскиот таблоид се повикува на извор од Македонија кој посочил дека овие закани не се воопшто наивни.
„Ако ме убиете во затвор, ќе паднат многу политичари, а тука мислам на Заев и неговата влада. Имам докази против Заев и државниот врв. Се од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мајка ми и на уште неколку адреси. Ако ми се случи нешто, ако ме убиете, обесите и тоа се обидете да го претставите како самоубиство, ако ме тепате, мачите, заплашувате, убаво ви кажувам сега, да не биде после дека не сте знаеле, во Македонија ќе има политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден ако ми фали влакно од глава”, рекол Јовановски на сослушувањето.
Изворот на српски Курир навел дека освен со Заев и Јанева, Боки 13 одржувал блиски контакти и со други македонски политичари.
„Ова е голема афера, сериозни луѓе и огромни пари се во игра. Во Македонија велат дека ќе има крв. Боки 13 рекетирал многумина. Случајот Камчев е само врвот на ледениот брег”, вели изворот на српски “Курир”.