Секој предмет на кој сум работела е чист. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи по рочиштето за Титаник3 изјави дека нема ништо криминално во нејзините предмети.
- Секој предмет на којшто работев јас е чист и во ниту еден момент не може да се смета дека е вмешан во нешто криминално или сомнително, така што за предмет за што јас се борев три и пол години или повеќе, не го давам и ќе се борам до крај, изјави Фетаи за ТВ21.
Таа не го коментира Рекет бидејќи вели го води друго Обвинителство.