УЈП ќе ги „чешла“ фирмите на Боки 13 и Меѓународниот сојуз


Управата за јавни приходи ќе ги проверува фирмите поврзани со Бојан Јовановски. Станува збор за БМЈ медиа груп, Меѓународниот сојуз и 1 ТВ. До петок налозите треба да бидат дадени за отпочнување на котрола за финансискиот прилив и одливот на средства во овие фирми.

„Ние ќе постапиме во делот кој што се однесува на даноците, да веќе до петок би требало да ги дадеме налозите за отворање за отпочнување на конторла и во меѓународниот сојуз и во 1 ТВ, исто така и во БМЈ медиа груп и во сите оние останати даночни обврзници со коишто сме утврдиле преку анализата дека постоеле одреден вид на деловни односи. Исто така ќе направиме контрола и на сите оние засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за коишто ќе ги утврдиме исплатите кои што се направени“, изјави Сања Лукаревска, УЈП.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1