Разрешувањето на Катица Јанева утре пред Советот на јавни обвинители


Зад затворени врати Советот на јавни обвинители утре ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за разрешување на Катица Јанева, специјалната обвинителка која е во притвор.

Пред почетокот на седницата Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука дали ќе ја отпочне постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или ќе назначи в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО, јавува Сител.

Седницата ќе почне во 11 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1