Детска клиника: Децата кои беа оставени во возило во Ново Лисиче во добра здравствена состојба


Двете деца (женско дете на возраст од седум години и машко дете на возраст од четири години) кои синоќа беа оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче, по што полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и со возило на Итната медицинска помош се донесени во Клиниката за детски болести се во добра здравствена состојба и ќе бидат и ќе бидат пуштени дома.

Ова за МИА го информираа од Клиниката за детски болести од каде посочуваат дека во моментот на прием на преглед децата оддавале впечаток на запуштени (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани и свесни со уредни витални параметри.

– Децата се хоспитализирани на Одделот пулмологија Б за обсервација, направени се рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот се во стабилна состојба. Тие се испишуваат во добра здравствена состојба, наведуваат од Клиниката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1