СЈО ги предава предметите на Јавното обвинителство


Во специјалното јавно обвинителство во тек е постапката за примопредавање на предметите. Јавното обвинителство ги зема предметите во судење, истраги и предистраги.

Преземањето на предметите го следи и државниот обвинител Љубомир Јовески кој во моментов е во зградата на СJO.

Обвинителката Лиле Стефанова потврди дека од утринава СЈО ги предава предметите на Јавното обвинителство. Запрашана дали истите обвинители ќе ги застапуваат предметите, Стефанова одговори дека за тоа ќе одлучува Јавното обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1