Се самоуби вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ


Во САД се самоубил синот на фолк пејачот Шабан Шаулиќ. Александар е вонбрачен син на Шабан што го добил по краткотрајна врска со Ана пишува „Свет“. Мајката никогаш не му кажала на синот кој му е таткото и тоа го дознал дури по нејзината смрт. Александар не го носел презимето Шаулиќ туку Милер по очувот.

За тоа кој му е вистинскиот татко разбрал неодамна од пријателка на мајката. Шабан и Александар, кој го променил името во Александер никогаш не се сретнале во животот .

Српските медиуми пишуваат дека Александар бил болен и оти затоа кренал рака на себе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1