Стандардната постапка за правење комплетна крвна слика вклучува три типа проверка:
* леукоцити, при што се одредуваат бројот на леукоцити и диференцијалната слика.
* еритроцити, односно бројот на еритроцити, хемоглобин, хематокрит и еритроцитни индекси во кои спаѓаат: (MCV) – среден корпускуларен волумен, (MCH) – среден корпускуларен хемоглобин, (MCHC) – концентрација на среден корпускуларен хемоглобин и (RDW) – еритроцитна дистрибуција.
* тромбоцити, при што може да бидат вклучени и (MPV) – среден волумен на тромбоцити и (PDW) – тромбоцитна дистрибуција.
Белите крвни зрнца (леукоцити)
Има пет различни типа леукоцити кои телото ги користи за одржување на здравствената состојба и во борба против инфекции или други причинители на повреда. Тоа се неутрофили, лимфоцити, базофили, еозинофили и моноцити. Нивното присуство во крвта е релативно стабилно. Нивниот број може да се покачи или да падне во зависност од состојбата во телото. го штитат телото од напад на бактерии, вируси и паразити.
Леукоцитите во најголем процент се составени од гранулоцитите. Се делат на неутрофилни, еозинофилни и базофилни.
Референтни вредности: 4-10 х 10 на 9/l
Зголемен број: Бактериска инфекција
Намален број: Леукоцитоза, вирусно заболување, кај хемотерапија, употреба на одредени лекови
Неутрофилните гранулоцити се задолжени за неутрализирање на бактериите и други мали честици. Поради тоа, нивниот зголемен број во крвта упатува на фактот дека се работи за бактериска инфекција, додека бројот им е намален кај вирусни заболувања. Бројот може да им биде намален и поради јака бактериска инфекција која не се лечи подолго време.
Референтни вредности: 40-75%
Зголемен број: Бактериски инфекции, траума, изгореници, инфаркт. Значајно се зголемени и кај леукемијата и проширените малигни заболувања
Намален број: Вирусна инфекција, туберкулоза, артритис, нарушување на коскената срж, недостаток од витамин Б12
Еузиофилните гранулоцити се поврзани со алергиските реакции, затоа ако нивниот број е зголемен, најверојатно се работи за алергија, но потребно е да се исклучи можноста дека се работи за паразитна инфекција.
Референтни вредности: 2-4%
Зголемен број: Астма, алергија, егзема, зрачење, кај заздравување од инфекција.
базофилни гранулоцити кои играат главна улога во алергиски одговор на организмот. Алергените на кои се осетливи најголемиот број од луѓето се поленот од тревата, дрвата, грини, некои лекови, но и различни видови на храна како што се кикириките, јајцата, кравјо млеко, како и убод од инсекти …
Референтни вредности: 0-1%
Зголемен број: Вирусни инфекции, уртикарија, после хемолиза и отстранување на слезината
Лимфоцитите се клетки задолжени за создавање на антитела и се главни во одбраната од вирусни инфекции. Поради тоа, нивниот зголемен број упатува на инфекција од вирус.
Референтни вредности: 20-45%
Зголемен број: Вирусни инфекции, токсоплазмоза, бруцелоза
Намален бој: Кај лекување со кортикостероиди, инфилтрација на коскената срж, СИДА, кај лекување со радиотерапија и хемотерапија
Моноцитите се најголеми клетки во крвта. Тие ги обиколуваат бактериите кои ги процениле како опасни и ги проголтуваат. Заедно со неутрофилните гранулоцити, моноцитите се основа на одбрамбениот систем на организмот.
Референтни вредности: 2-10%
Зголемен број: Акутни и хронични инфекции, малигни болести
Еритроцитите (RBC)
Црвените крвни зрнца се клетки кои го содржат хемоглобин и кои учествуваат во разнесувањето на кислородот и јаглеродниот диоксид во организмот.
Референтни вредности:
М 4,5-6,3 х 10 на 12/l
Ж 4,5-5,4 х 10 на 12/l
Зголемен број: Дехидратација, полицитемија (ретко заболување)
Намален број: Еден од показателите за анемија, заедно со хематокритот, хемоглобинот и ертитроцитните константи
Ако концентрацијата на еритроцити и/или количеството на хемоглобин во крвта падне под одредено ниво, лицето има анемија со симптоми како замор и слабост.
се продуцираат во коскената срцевина и кога ќе созреат, се ослободуваат во крвотокот. Содржат хемоглобин (HGB), протеин кој транспортира кислород низ телото. Животниот век на еритроцитите обично е 120 дена, па затоа коскената срцевина континуирано продуцира нови, за да ги замени старите или оние што се губат при крвавење.
Хемоглобин (Hb)
Хемоглобинот е состојка на ертитроцитите и претставува протеински комплекс кој го пренесува кислородот од белите дробови во ткивата, а јаглеродниот диоксид од ткивата назад во белите дробови.
Референтни вредности:
М 149-180 g/l
Ж 120-160 g/l
Намален број: Анемија
Хематокрит (Htc)
Хематокритот го претставува волуменот на ертитроцити во единица крв.
Референтни вредности:
М 0,40-0,50 L/l
Ж 0,35-048 L/l
Зголемен број: Полицитемија (ретка болест која се појавува кај постарите луѓе)
Намален број: Дехидратација, анемија
тромбоцити
Референтни вредности: 150-400 х 10 на 9/l
Зголемен број: Тромбоза (спонтано згрутчување на крвта)
Намален број: Автоимуни заболувања, спонтани крвавења, после трансфузија на крв
недоволен број тромбоцити е подзнак за зголемен ризик за крвавење. Прекумерниот број на тромбоцити може да предизвика прекумерна коагулација или ако тромбоцитите не функционираат соодветно, прекумерно крвавење
Седиментација – нормална вредност 10 и 20mm/h ,доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции.
M (20-50 год) 3-13 mm/h
M (над 50 год) 2-23 mm/h
Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h
Ж (над 50 год) 5-28 mm/h
Состојба на црниот дроб
Во внатрешноста на црниот дроб се чисти крвта и се разградуваат супстанци кои се најважни за живот.Три најважни ензими се GOT чија нормална вредност е 5 до 15u/l, GPT – 5 до 19u/l и GGT со нормална вредност 4 до 18 u/l.
Состојба на бубрезите
Urea- Нормално 1,7-8,3 mmol/l
Креатинин – нормално мажи 62-106, жени 44-80 umol/l
Панкреас
S-алфа амилаза – нормална: 28-100 IJ/I
U-алфа амилаза – нормална: – 0-450 IJ/I Зголемено ниво укажува на пореметување на функцијата на панкреасот(производство на инсулин)
Железо е еден од есенцијалните олигоелементи во организмот, составен дел од хемоглобин, миоглобин и многу ензими.Главно складиште на железото е ретикулоендотелниот систем, црн дроб, коскена срж, бубрези.Концентрацијата на железо во серумот е определен од неколку фактори вклучувајќи апсорпција од црева, депонирање во цревата, црниот дроб, слезина и коскена срж, губење хемоглобин и синтеза на нов хемоглобин.
Заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите кои ја одредуваат морфологијата на еритроцитите(MCV, MCH и MCHC) пружа увид за состојбата на коскената срж.Определување само на железото нема никакво значење за дијагноза на анемија.
Нормална вредност: мажи 10,6-28,3;жени 6,6-26,0 umol/l
Штитна жлезда – Лачи хормон тироксин (Т4) и триодтироксин (Т3).Двата се неопходни за добра работа на метаболизмот.Се мерат вредностите на Т4 хормони и слободен FT4 кој не е врзан за белковини.Нормална вредност на вкупен T4 хормон е 58 – 161nmol/l, а на FT4 тироксин е 10.3 – 23.1pmol/l.
Масти во крв
Холестерол нормална вредност < 5,2; Висок > 6,2 mmol/l
HDL холестерол(добар) нормален > 1,54; Низок < 1,0 mmol/l
LDL холестерол (лош) нормален < 2,6; Висок > 4,1 mmol/l
Триглицериди нормална вредност < 1,7; Висока > 2,3 mmol/l
Електролити
Натриум (Na) – 139-154 mmol/l Намалено ниво кај бубрежно болни
Калиум (К) – 3,8-5,3 mmol/l Зголемено ниво кај бубрежно болни
Анализа на крв би требало да направите барем еднаш годишно иако немате никакви здравствени проблеми, затоа што раното откривање на болеста е од пресудно значење за поуспешно лекување.