Не се чувствувам помалку Македонец од претходните премиери, тоа што нѐ разликува од сите влади и премиери досега, е што без разлика на политичките цени, ние храбро носиме одлуки. Ова го напиша премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/440090576613640/Носиме одлуки за да обезбедиме сигурна иднина, да го верифицираме нашиот идентитет и да ги задржиме младите тука, во земјата. Тоа е македонштината за мене, напиша тој и сподели видео од денешната собраниска седница.