По ултиматумот кој му го постави Бузаку, поглаварот Сулејман Реџепи одбива да се повлече, од друга страна, претендентот за водечкото место во ИВЗ најавува дека „понудата“ до Реџепи важи заклучно до денеска во 11.30 часот, а во спротивно јавноста ќе слушне за наводните криминали што поглаварот ги вршел со парите од верниците.
Овде сме да доделиме Халал-сертификати, со геј не се занимавам. Гејовите подалеку од ИВЗ“, порача вчера Реџепи .
Изјавата ја осуди Мрежата за заштита од дискриминација и националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата .
Го потсетуваме г. Реџепи дека како поглавар на верска заедница, треба да знае дека секој, па и ЛГБТИ луѓето и другите категории луѓе што не му се допаѓаат на него, има право слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, да ја практикува својата вера велат од невладината