Роднините на убиените во “Монструм“ бараат средба со министерката за правда


На почетокот на денешното судење за петкратното убиство кај Смилковско езеро, адвокатот на роднините побара да се одржи средба меѓу нив и министерката за правда бидејќи немаат детален одговор за екстрадицијата на прво и второ обвинетиот за случајот кои се наоѓаат во Косово.

Детален одговор од правда очекува и обвинителството. Фатиме Фетаи рече дека подолг период добиваат известувања со иста содржина, односно “постапката е во тек”. Бараат во следниот допис, министерството да објасни дали косовските власти воопшто ја почнале постапката за екстрадиција и дали воопшто се водат некакви активности за екстрадиција на обвинетите кои се наоѓаат во Косово.

На денешното судење за “Монструм“ треба да се читаат 133.000 смс пораки и други транскриптите од разговори кои се дополнителен доказен материјал понуден од Обвинителството.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За убиството се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Тие претходно беа осудени на доживотен затвор но со одлука на Врховниот суд во декември 2017 година, беа укинати пресудите и ги ослободи од притвор осудените.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1