Теута Арифи фаворит за амбасадата во Вашингтон – ДУИ инсистира на тоа место


Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, како предлог на ДУИ, е најголем фаворит да стане нова македонска амбасадорка во Вашингтон. Во најтесен избор за ова амбасадорско место се и професорот Љубомир Фрчкоски, како предлог на претседателот Стево Пендаровски, како дипломатот Паскал Стојчевски, како предлог на шефот на дипломатијата Никола Димитров, но лидерот на ДУИ, Али Ахмети инсистирал таа позиција да ја добие неговата партија, пишува магазин.мк.

Овие три имиња се кристализирале во изминатите две недели на интензивни преговори за пополнување на дел од празните амбасади на Македонија, чиј број е 25 амбасади. Меѓу дипломатските претставништа што во моментов се без амбасадори се и важни позииции како споменатата во Вашингтон, но и во Пекинг, Рим, Белград, Атина или Обединетите нации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1