Успеавме!!! Секоја чест на секој од вас!!! Повеќе не се “семејството што живее под мостот” затоа што од денес нема да мрзнат на студот. Во куќата во која се сместени ги има сите услови, но нѝ фали машина за перење, па се надевам дека некој од вас ќе се пријави да донира.
Исто така, потребен е мобилен телефон за да бидеме во контакт со нив…Пишува на фејсбук Отец Оливер
Сепак, мора да нагласиме дека ова е само привремено решение, а трајното решение МОРА да го пронајде ВЛАДАТА И НАДЛЕЖНОТО МИНИСТЕРСТВО. Денес тие ми кажаа уште една непријатна вест: укината им е минималната социјална помош. Ние уште во понеделник ќе поднесеме жалба и се надевам дека ќе ја уважат.
Бог да ве благослови сите!!!
За домот помогна Отец Оливер и хуманите луѓе од хуманитарната организација “Свети Спас”.
Семејството живееше под мост, мајката има преживеано мозочен удар, а синот се грижи за родителите собирајќи пластика за да обезбеди леб и лекови.