Неизвесно е дали Катица Јанева ќе даде исказ пред Вилма Рускоска за „Рекет“. Адвокатите се уште не добиле прецизни инструкции од поранешната шефица на СЈО како да ја подготвуваат одбраната. Одат во посета кај Јанева во Шутка и ја запознаваат со доказите кои обвинителството за организиран криминал ги обезбедило против неа. За сега, Јанева не размислувала за спогодба со обвинителството
Истрагата за „Рекет“ заврши. Катица Јанева и Боки 13 се во притвор и преку жалби до судовите се обидуваат да излезат од Шутка. Во домашна изолација е Зоран Милевски – Кичеец. Сите се осомничени за изнуда од над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев, со ветување дека ќе ја стопираат истрагата на СЈО против него за перење пари.