Британската кралица Елизабета Втора бара нов коњушар, а за оваа работа нуди 25.000 евра месечно, како и бесплатно сместување во Бакингемската палата.
Сето она што спаѓа во должноста на коњушарот се вообичаените обврски. Потребно е да се хранат, чистат и одржуваат коњите. Меѓутоа, кралицата има намера да го одбере оној кој негува голема љубов кон овие животни, и навела дека сака да вработи личност која ќе ужива извршувајќи ја оваа работа, пренесуваат британските медиуми.
Покрај тоа, бара некој кој знае да јава и да управува со кочиите. Покрај тоа барање стои објаснувањето дека идниот коњушар ќе присуствува на сите церемонии што ќе се одржуваат.
И на крајот, кралското семејство истакнува дека сака личност од доверба која е подготвена да даде сè од себе за коњите да изгледаат и да бидат што подобри кога ќе ги изведат во јавност.