Бојан Јовановски познат како Боки13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничени во случајот „Рекет“, денеска имаат последен рок да направат увид за случајот по завршувањето на истрагата и завршувањето на рокот од 15 дена, а потоа на потег се очекува обвинителката Вилма Рускоска која треба да покрене обвинение.
Боки13 и Јанева сеуште немаат дадено исказ пред Русковска, а за случајот кој со месеци ја дрма македонската јавност и политичка сцена, само Зоки Кичеец е во домашен притвор, а жалбите на Боки и Јанева беа одбиени.
За потсетување, досега одекнаа три снимки за Рекет од италијанскиот Ла Верита.