ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ОТКРИЈА НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА КИСЛОРОДОТ ДОБИЈА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА


Тројца научници кои имаат откриено како клетките ги чувствуваат и се приспособуваат на промените на нивото на кислород ја добија годинашната Нобелова награда за медицина и физиологија.

Наградата од девет милиони шведски круни (918 милиони долари) ќе ја поделат Американците Вилијам Келин и Грег Семенца и Британецот сер Питер Ретклиф.

Нивното откритие се одразува на секојдневниот живот на човекот, од вежбањето преку престојот на големи надморски височини до раниот развој во матката. Тоа исто така доведе до нови третмани на анемија, па дури и рак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1