Отишла на кафе со пријателка и веќе не се вратила – нејзиното мртво тело било пронајдено во река


Откако од Обвинителството од Западнохерцеговинскиот регион било утврдено дека 19-годишната Лана Б., чие тело било извлечено од реката Студенчица, е убиена, во Мостар завладеало шок и неверување.

Несреќната девојка Лана Биједиќ од Мостар, која овие денови се подготвувала за факултет во Сараево била пронајдена мртва. Таа е ќерка на познатиот универзитетски професор од Мостар и правнука на Џемал Биједиќ, кој своевремено бил претседател на Сојузниото извршително собрание. Биједиќ настеадал во авионска несреќа во 1977 година, а по него е наречен и Универзиетот во Мостар.

Нејзиното исчезнување вчера во 17 часот го пријавиле родителите откако не се вратила во договореното време од 2кафето со пријателката“. Нејзината мајка безуспешно се обидувала да ја добие на мобилниот телефон.

Од Обвинителството рекле дека утре ќе биде направена обдукција, после што ќе имаат детални информации за јавноста.

На лице место, како и по нејзиното тело, биле најдени траги кои укажувале дека се борела со убиецот. Како што пишуваат босанските медиуми, земени се фрагменти кои ќе бидат испратени на вештачење.

Нејзиното тело во реката го воочил рибар. Меѓутоа, ни тој на прв поглед не мислел дека станува збор за тело, па откако го извлекол на брегот од реката повикал полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1