Холандија вечерва одлучува за Македонија


Комисијата за европски прашања на холандскиот парламент се смета за решавачка за насоката во која ќе тргнат финалните преговори меѓу земјите-членки на ЕУ за заклучокот што би го донеле на 15 октомври.

Во писмото што шефот на холандската дипломатија Блок деновиве го прати до пратениците во холандскиот парламент се вели :

„Холандската влада ја дели оценката на Европската комисија дека владата на Македонија презеде многу позитивни чекори во изминатата година. Договорот од Преспа е пример за регионот и преземени се видливи чекори во реформската агенда. Продолжувањето на случаите на СЈО е обезбедено со нивниот трансфер во Јавното обвинителство. Значаен чекор што треба да се преземе е усвојување на закон што ќе гарантира независно гонење на можна идна корупција на највисоко ниво. За ова прашање има постојана интензивна консултација меѓу опозицијата и владата. Ова засега не донесе конкретен епилог“, пишува во писмото од министерот Блок до холандскиот парламент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1