Шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал Вилма Рускоска за Сител потврди дека вечерва едно лице од четворицата осомничени во новата истрага поврзана со случајот „Рекет“ ќе биде изведено пред судија на претходна постапка.
Како што дознава Сител станува збор за потпретседателката на хуманитарниот меѓународен сојуз Јасна Мандиќ- Ерцеговиќ, за која е побарана мерка притвор.
За останатите три осомничени лица меѓу кои е висок функционер од редовите на СДСМ се побарани мерки за претпазливост. До сега судот не испратил се уште покани и најверојатно тие ќе бидат повикани од утре да се јават кај судија на претходнапостапка.
Повеќе на СИТЕЛ.МК