Издаден е налог за претрес во домовите на тројца осомничени. За новата истрага немало посебни истражни мерки.
Вечерва судија на претходна постапка делумно не го прифати предлогот на Обвинителството за одредување притвор за осомничената Јасна Мандиќ и за неа одреди мерка на претпазливост, куќен притвот.
Утре на распит треба да се појават и останатите осомничени. За татко му на Боки 13, за Ременски и асистентката на Мандиќ, Русковска кажа дека нема информации оти се избегани од државава.
За Ременски и останатите осомничени, Обвинителството предлага мерки на претпазливост и тоа: одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиште и јавување еднаш неделно во судот. Обвинителството ја товари Ременски дека со присуство на средбите што Боки 13 ги организирал со управители на градежни фирми, а на кои се барале пари за проекти за изградба на старечки домови, го искористила својот углед и авторит и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.