Јанева ќе биде задржана на лекување во Жан Митрев дознава Телма.
По нејзино барање таа утрово беше однесена во приватната болница на преглед, каде според извори од истрагата е задржана.
„Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша“, рекла адвокатката Фрчковска пред Јанева да биде задржана во болница.
Јанева е третоосомничена во Рекет, а денеска Обвинителството покрена обвинение за неа, Боки13 и Зоки Кичеец.