Заев: Храбрите партизани во 1941 го создадоа делото наречено македонска држава


Премиерот Зоран Заев на денешното обраќање по повод 11 Октомври во Куманово порача дека на 11 октомври 1941 година бил означен почетокот на завршните процеси за впишување на македонската држава на мапата на народите во светот.

-На 11-ти октормври беше означен почеток на завршните процеси на впишување на македонска држава на мапата на народите во светот. Тоа утро пламна искрата нашата земја да биде дом на слободата победник над окупацијата. На тој начин малата земја Македонија стана едно со светскиот победнички сојуз против фашизмот. Храбрите борци за слобода во 1941 година организарани во партизанските едници го создадоа делото наречено македонска држава во виорот на Втората светска војна. Во тие пресвртни настани во светската истрија, како резултат на востанието се роди и македонската држава, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1