Премиерот Заев и екс премиерот на Грција Ципрас извисија – не ја добија Нобеловата награда за мир. Денеска е објавено дека добитник на 100. Нобелова награда за мир во 2019. година е премиерот на Етиопија Абиј Ахмед Али.
Во образложението на Шведската кралска академија се наведува дека на Ахмед му е доделен Нобел поради неговите напори за постигнување мир и меѓународна соработка, посебно заради неговите одлучни иницијативи да се реши пограничниот конфликт со соседот Еритреја, пренесува „Ројтерс“.
Етиопија и Еритреја ги обновија односите во јули 2018. година, после повеќегодишен конфликт.
Наградата вредна 900.000 долари ќе биде врачена 10. Декември во Осло.