Рускиот космонаут Алексеј Леонов, е прв човек кој шетал низ вселената далечната 1965-та година, почина во Москва на 86 годии.
Леонов починал во Болницата Бурденко, после долго боледување и ќе биде погребан на Сојузните воени гробишта на 15-ти октомври, рекла за „Тас“ неговата секретарка Наталија Филимонова. Рускиот космонаут два пати летал во вселената, а летовите траеле вкупно седум дена.
Во текот на првиот лет, 1965-та година тој влегол во историјата како првиот човек кој шетал во вселената, каде поминал 12 минути.
Алексеј Ленов требало да биде и првиот човек од Советскиот сојуз кој стапнал на Месечината, но таа мисија била одложена.