Фатен е бегалецот од затворот Идризово , денеска околу 17 часот и 30 минути во близина на селото Пресница, општина Липково.
Затвореник и избегал на полицијата додека бил пренесуван од Клиничкиот Центар во Скопје до затворот Идризово, откако чуварите застанале да си купат сендвичи.
Извори од затворот Идризово велат дека чуварите кои денеска од Клиничкиот Центар го пренесувале осуденикот Фидан Асани (39), застанале да си купат сендвичи за јадење, а вотој момент тој успеал да избега.
До полициското возило застанало друго возило марка Мерцедес и од него излегле неколку непознати лица кои успеале да го земат затвореникот осуден на 7 години и 7 месеци затвор за криумчарење мигранти, насилство и други дела.
Избеганиот затвореник досега одлежал 1 година и 5 месеци во затворот Идризово.
Полицајците неговото бегство го пријавиле кога се вратиле назад во затворот Идризово.