Семејствата на загинатите кај Ласкарци и повредените бараат да се дознае вистината за несерќата во која во февруари годинава загинаа 16 лица, а 37 беа повредени.
На денешното рочиште за случајот ти најавија дека ќе бараат отштета, но не прецизираа во колкав износ. И тие како и обвинителството бараат кривична одговорност од обвинетите. Шестмината обвините претходно се изјаснија дека не се виновни. Првообвиниетиот, сопственикот на компанијата Дурмо Турс, својата верзија за настанот ќе ја раскаже во текот на постапката.
На обвинителна клупа освен сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, седнаа и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, одговорниот за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“, како и тројца вработени во станицата за технички преглед во сопственост на истиот газда, се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.