Николоски: Нема да користам Северна Македонија и никој не може да го побара тоа од мене


„Од мене никој не може да побара да користам Република Северна Македонија и нема да ја користам“ изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на прашањето дали доколку бидат на власт ќе го користат името Северна Македонија.

Во врска дека со тоа ќе дојде до прекршување на договорот од Преспа и покренување на нови други имликации од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, потпретседателот накратко одговори „ќе дојде време, ќе разговараме за тоа“.

– Овој договор е штетен по македонските национални интереси. Мене никој не може да ме натера да користам нешто што е штетно по македонските национални интереси, рече Николоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1