Од утре ќе се знае дали тричлениот судечки совет при Кривичниот суд ќе го прифати обвинението на обвинителката Вилма Русковска во кое сеопфатени Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски, пишува „Канал 5“
Покрај ова, фокусот на Обвинителството во истовреме е ставен и на вториот дел од истрагата за милионскиот рекет. Во која фаза се наоѓа истрагата, која се однесува на перење пари и измами од страна на Меѓународниот сојуз обвинителката Русковска не открива, ниту пак дали постои можност за нејзино проширување и на други лица. Засега, осомничени се Боки 13, неговиот татко, Јасна Мандиќ, нејзината секретарка и пратеничката на СДСМ Фросина Ременски.
Токму за истиот случај, во јавноста денеска излегоа повеќе информации кои Обвинителството експресно ги демантира. Италијанскиот весник “Ла верита” пишува дека премиерот Зоран Заев наводно барал од Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал Русковска да се одблокираат 750-те илјади евра на градежниот бизнисмен Силјан Мицевски. Весникот пишува дека “притворањето на Фросина Ременски делува како битна амортизација со која Зоран Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност”.
Од Обвинителството најостро ги демантираа овие наводи. Велат дека во моментот кога се случило одмрзнувањето на средствата Русковскавоопшто не била шеф на Обвинителството за некој преку неа да се обиде да влијае во случајот. Како невистинит го наведуваат и делот во текстот каде пишува дека Ременски се наоѓа во притвор, велејќи дека за неа беа определени алтернативни мерки на обезбедување.
“ Со објавување на ваков вид на текстови и тоа во странски медиуми се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животина инволвираните лица и воопшто се отежнува текот на постапките. “
Во дел од медиумите излегоа и информации дека во мобилниот телефон на Боки 13 била пронајдена Вибер порака од осомничена која наводно напишала бројки со суми – 3.000, 5.000 и 10.000, но овие информации за обвинителството се шпекулации.